Во Македонија, која традиционално се смета за земјоделска земја, краставиците, доматите, пиперките и другите зеленчуци станаа луксуз.
Граѓаните се соочуваат со постојано растечки цени на земјоделските производи. За килограм зеленчук, тие мораат да плаќаат и над 100 денари.
На оваа тема Denar разговараше со универзитетски професори и експерти за земјоделство, кои признаваат дека земјоделството во Македонија е западнато во длабока криза, а последиците најмногу ги чувствува обичниот народ.
„Земјоделството во Македонија е во криза. Сè поголем е бројот на земјодели кои се откажуваат од производството и ги напуштаат нивите, ги продаваат тракторите. А државата, која некогаш беше извозник на земјоделски производи, сега зависи од увозот. Климатските промени, варијациите во температурата, сушите и поплавите се дел од предизвиците со кои се соочуваат земјоделците. И секако, голема улога игра и масовното иселување на помладите кои среќата си ја бараат во странство“, коментираат експертите.
Анета Ристевска, пензионерка до Скопје, вели дека долго време не купила краставици и домати, бидејќи се многу скапи.
„Доматите и краставиците се реткост за мене. Со парите што треба да ги платам за нив, ќе купам месо. Не можам да си дозволам луксузни зеленчуци. Навистина жално. Па ние сме земја на сонцето, ние сме растени на домати, краставици и на пиперки. А сега не можеме да си дозволиме ни за салата. Срамота!”, вели Ристевска.
Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk