Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето што мијат прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ од Летонија произведе огромен дрон за миење прозорци, а негова задача е да ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го искористи своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за миење прозорци може да работи 20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.
Леталото е широко три метри, има 12 пропелери и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на миење.
Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на земјата, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на земјата. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.
„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем за да може дронот да се носи со лошите временски услови.
Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстен за врвот на зградата.
Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.
извор: факултети.мк
Дронови ќе ги заменат перачите на прозорци
Актуелно
-
Битолчани ќе плаќаат повеќе пари за такси превоз, останува најефтино со градски автобус
Здружението на лиценцирани такси превозници побара, а Советот на Општина Битола им одобри да се зголемат цените на услугите за такси превоз во Битола.
-
Новогодишните честитки стануваат минато – кој ја згаснува магијата?
Некаде во секој дом, во некоја заборавена фиока, се крие кутија со рачно напишани новогодишни честитки. Нивните светкави бои, убави пораки и топлина некогаш беа симбол на празничниот дух.
-
Овој сектор загуби најмногу работни места во 2024: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени
Бранот на отпуштања во технолошкиот сектор и понатаму е силен, со повеќе од 130.000 отпуштања регистрирани во 457 компании оваа година, покажуваат податоците на порталот Layoffs.fyi, кој ги следи отпуштањата.
-
Грчката кујна е најдобра во светот, а како стои македонската во регионот?
Светски познатиот гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа на најдобри кујни во светот. Сите кујни се рангирани врз основа на гласовите на публиката, а се оценуваат врз основа на состојките, специјалитетите и пијалоците кои се незаменлив дел од гастрономијата.
-
Цените на становите во Холандија ќе пораснат на 520.000 евра, особено во големите градови
Платите во Холандија растат, каматните стапки на хипотеките паѓаат, а недостигот на станбен простор останува константен, што ќе доведе до уште поголема конкуренција на пазарот на недвижности и повисоки цени, додава банката.
-
Македонија добива нов скијачки центар – Отворање на 1 јануари
Во Кавадаречко Михајлово е изграден нов ски центар, кој свечено ќе биде отворен на 1 јануари, информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.