Според истражувањето на Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“, биле украдени, исчезнати, киднапирани околу 50 новородени деца, по кои мајките сè уште трагаат.
Токму тоа е и поводот тој да го започне проектот „И ти имаш право да ги запознаеш твоите биолошки родители“. Тој, исто така, потенцираше дека ќе започнат и со собирање потписи од 90.000 посвоени лица во цела Македонија, како и од посвоени Македонци во Словенија, Франција, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, за да побараат измена на членот 123 а од Законот за семејство.
Мајка родила бебе во 1980 година. Повеќе од 32 години трага по своето машко дете, кое било родено здраво и живо. Додека била во болница, на мајката не ѝ го носеле бебето да го дои во собата за родилки. Медицинските сестри им кажувале на родилките да доаѓаат во другите соби да ги дојат своите бебиња. Мајките ги доеле своите бебиња на секои четири часа. Мајката требало за четири дена да си замине со бебето дома. Пред да си замине мајката дома, медицинската сестра ѝ кажала подоцна да дојде да го дои бебето и отогаш му се губи трагата на здравото машко дете.
Мајката била пресретната од друга жена, која ѝ рекла дека рано изутрината е изнесено и дадено машко бебе на друго лице, а лицето било лекар од Охрид, кој немал дете. Тој бил на 40-годишна возраст.
Како образложение зошто го нема детето, педијатарот ѝ рекол на мајката дека бебето престанало да дише, дека докторите дале сè од себе за да го спасат, но, за жал, починало. Докторите од Клиничкиот центар Скопје ја известиле мајката дека бебето било однесено на обдукција. Ова семејство не добило ниту отпусна листа ниту каков било извештај од направена обдукција. Исто така, не добиле умреница, ниту картон за бебе што било родено. Ова семејство живее во Канада.
Ова е само една од приказните, примерите на Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“, што самиот ги истражувал во насока потоа да им се помогне на вака посвоените деца да си ги најдат своите биолошки родители.
Токму тоа е и поводот тој да го започне проектот „И ти имаш право да ги запознаеш твоите биолошки родители“. Исто така, според него, од 1994 година, семејство од Богданци до ден-денес не може да се помири со тоа дека неговите ќерки близначки, при раѓањето, се евидентирани во болницата како починати.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press