Оваа летна сезона Wizz Air, евтината авиокомпанија за 20 отско ја намали својата флота на просториите на поранешата Југославија. Причината е пронајдена ретка аномалија во металниот прав што се користи во производството на компонентните на моторот.
Авиокомпанијата го намали бројот на летови во регионот во текот на летото, кое започнува на 31 март и трае до 26 октомври, за 22,3 отсто во однос на првичниот план, додека капацитетот е намален за 31,5 отсто.
И Белград, ќе биде погоден од намалувањата на мрежата на Wizz, при што авиокомпанијата го намали капацитетот за 22,4 проценти во споредба со минатиот лет и 35 проценти во споредба со она што првично планираше нискобуџетната компанија.
Она што нас најмногу ќе не погоди е што Wizz Аир го намалува капацитетот во Скопје како најголема база во регионот за цели 25 отсто. Охридскиот аеродром ќе претрпи уште поголеми загуби каде намалувањето ќе биде дури 48 % од капациетот на Визер. Со вакви намалувања македонскиот пазар ја загуби втората позиција за најбрзо растечки пазар во Европа за оваа година.