Во Македонија повторно кружат лажни пораки за наводни заглавени и задоцнети пратки.
Ако досега како испраќач на ваквите пораки стоеше македонска пошта, сега пораките наводно се испратени од ДХЛ, глобален сервис за достава на пратки.
Слично како и претходните пораки, и во последната порака се вели дека вашата нарачка не може да се испорача поради неплатени царински такси, а од вас се бара уплата за да се избегне одложувањето.
Ако добиете ваква порака, не го отворајте линкот и не пополнувајте ваши лични податоци. Во изминатите месеци голем број луѓе во Македонија беа финансиски оштетени преку вакви лажни пораки.