Во ера на рекордна побарувачка за работна сила, значителна флуктуација на работници и постојано зголемување на очекувањата на кандидатите, разбирањето на потребите на потенцијалните и постоечките вработени станува неопходен предуслов за секој успешен бизнис
Знаеме дека знаете, но водени од мислата дека „повторувањето е мајка на знаењето“, уште еднаш ќе истакнеме - без задоволни вработени, нема профитабилна компанија.
Океј, тоа ви е познато.
Сепак, дали знаете кој фактор на задоволство традиционално е рангиран меѓу најлошо оценетите од вработените? Личен раст и развој! Едно од најлошо оценетите тврдења во истражувањето за задоволството на вработените Pulser во 2023 година беше: Задоволен сум од тоа како се вреднува моето работно место (финансиски и нефинансиски).
Платата на прво место
Масите за пинг-понг и убавото кафе на работа се сосема во ред, но само АКО доаѓаат по некои други поважни работи. За да можат вработените да бидат задоволни, нивните основни потреби мора да бидат задоволени.
Прашањето е, како да се направи тоа?
Прво и основно: тргнете од утврдување на состојбата на пазарот. Доколку не знаете колкава плата би требало да земаат вашите вработени, со оглед на описот на нивното работно место и искуството, прва станица секако е MojaPlata.mk, онлајн сервис кој дава можност да ги споредите платите на вашите вработени со конкуренцијата.
Бидејќи, сакале вие да признаете или не, вработените веројатно се многу свесни за својата позиција на пазарот. Ако платата што ја давате е далеку под пазарниот просек, ризикувате тие да заминат во потрага по подобра можност. И во тој случај ќе имате два проблема наместо еден.
Прво, на новиот вработен ќе треба да му дадете поголема плата од онаа која ја имал претходниот. Второ, ќе потрошите време (што значи пари) за да го воведете во работата и да го доведете на нивото на вработениот кој сте го изгубиле.
Ако ги соберете сите трошоци за вработување на ново лице, пресметката веројатно ќе покаже дека е поисплатливо да се инвестира во постоечките вработени.
На овој начин ја имате добитната комбинација: ќе трошите помалку на покачување отколку на регрутирање и ќе добиете позадоволни вработени!
Бесплатно тестирајте ја алатката Моја Плата за компании ТУКА