Зголеменото ниво на холестерол негативно влијае на здравјето на срцето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Постојат бројни фактори кои влијаат на нивото на холестерол, а исхраната секако е еден од нив.
Вклучувањето на здрава храна во секојдневната исхрана игра клучна улога, а конзумирањето на некои од нив може да придонесе за намалување на холестеролот.
Мешунки
Мешунките, како што е леќата, играат важна улога во одржувањето на здравото ниво на холестерол. Тие содржат растворливи влакна кои управуваат со холестеролот така што се врзуваат за честичките на холестеролот во дигестивниот систем и ги отстрануваат од телото пред да почнат да циркулираат во крвта.
Печурки
Печурките содржат мешавина од моќни врски како бета-глукан и хитин, кои помагаат да се намали лошиот холестерол додека потенцијално го зголемува добриот холестерол. Според мета-анализата објавена во „American Journal of Medicine“, по евалуација на седум студии, резултатите покажале дека консумирањето печурки може да има корисни ефекти врз нивото на „HDL“ и „LDL“ холестеролот, пренесува „Eat This, Not That“.
Масна риба
Масните риби, како што се сардините и скушата, може да имаат својства за намалување на холестеролот бидејќи содржат посебен вид на омега-3 „EPA“ (еикозапентаенонска киселина) и „DHA“ (докосахексаеноична киселина).
Јачмен
Јачменот е добар извор на диетални влакна, витамини и минерали, особено корисен за здравјето на срцето, варењето и одржувањето на урамнотежена исхрана.
Боровинки
Боровинките се познати како овошје кое го намалува нивото на холестерол благодарение на нивната висока содржина на растворливи влакна и антиоксиданси. Растворливите влакна во боровинки помагаат да се намали количината на „LDL“ холестерол во крвотокот. Исто така, антиоксидансите во боровинките, како што се антоцијаните, ја спречуваат оксидацијата и акумулацијата на холестеролот во ѕидовите на артериите.