Од средината на идната година, проектот “Поврат на ДДВ“ ќе стартува но само за најзагрозените категории на граѓани. За сите, системот ќе профункционира дури од 2020-та година.
Првично, експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, на сите граѓани кои имаат само еден вработен во семејството, се со цел да им се помогне на најсиромашните граѓани во државата.
Инаку мерката предвидува враќање на 15% од платениот ДДВ до 30.000 денари на годишно ниво.