Одењето во трговските центри знае да биде вистинска забава. Сигурно ви се случило да поминете часови таму, а притоа да не го почувствувате поминатото време. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Трговските центри имаат неколку трикови кои можат да ве натераат да останете подолго во нив и да потрошите повеќе пари.
За почеток, во повеќето центри не можете да најдете часовник. Тоа е така бидејќи неговото отсуство го отежнува следењето на времето. Како резултат на тоа, вие поминувате повеќе време во трговскиот, а со тоа и бројот на купени предмети се зголемува. Слично на ова, и прозорците се тие кои можат да ве потсетат на тоа колку време сте поминале во трговскиот. Затоа, најчесто тие не се превидени да бидат дел од трговските.
Од друга страна, работа што ја има во големи количини во трговските е храна. Рестораните се уште еден дополнителен извор на приходи за трговските центри. Станува збор за уште еден трик, бидејќи на овој начин вие ќе се задржите уште подолго. Јадењето таму значи дека нема да морате да заминете за да јадете на друго место. На овој начин, вие можете да јадете таму и веднаш потоа да продолжите со шопингот.
Пригушеното светло е уште еден трик на трговските центри. Светлото прави да бидете релаксирани и на тој начин да посакате да останете подолго. Доколку сте уморни, секогаш можете да седнете во една од оние удобни фотељи што обично се наоѓаа на влезовите во трговските центри или во близина на местата за храна. Индивидуалните продавници, исто така, користат свои техники за осветлување.
Кога станува збор за продавниците, веројатно сте забележале дека истите се оддалечени една од друга. Причината за тоа е што ќе морате да одите од едниот до другиот крај на трговскиот центар за да ги поминете сите продавници. За време на таа прошетка ќе бидете во искушение да застанете во некоја од нив и да купите нешто.
Друга интересна работа е што трговските центри се така дизајнирани за да станете дезориентирани. Овој трик ве тера да се вклучите во импулсивно купување. Алан Пен, професор на Универзитетот во Лондон, во еден свој истржувачки труд има изјавено дека Икеа е господар за дезориентирање на купувачите со својот збунувачки дизајн.