
Во државава, сè поголем број работници работат дополнителна работа, односно по две-три работи, за да преживеат.
Поради ниските плати и зголемените трошоци за живот, кои месечно достигнуваат и до 1.000 евра, платите не им се доволни на работниците за да го истуркаат месецот. Поради тоа, а и поради константниот недостиг на работна сила во одредени дејности, последниве години, сè поголем број работници работат по две-три работи.
Од Синдикатот додаваат дека пораката на протестите и штрајковите на работниците и на пензионерите до власта е токму таа: да имаат достоинствени плати и пензии за да не мора да работат дополнителна работа за да преживеат.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press