Паркот Гуел е една од најпосетуваните атракции во Барселона, посетена од околу девет милиони туристи годишно.
Прекрасната Барселона за многумина е дестинација од соништата. Песочна плажа, прекрасна архитектура, долги шеталишта покрај морето и опуштена атмосфера се само дел од причините зошто милиони туристи секоја година ја посетуваат каталонската престолнина.
Меѓу најпосетуваните атракции е спектакуларната катедрала Саграда Фамилија, веднаш потоа магичниот Parc Guell - зелена оаза на ридот над Барселона која плени со глетката исто колку и спектакуларните мермерни украси на архитектурата.
И додека повеќето градови можат само да сонуваат за вакво лудило за една атракција, во Барселона прават се за да го намалат бројот на туристи во Parc Guell, односно во целата населба Ла Салут.
Имено, имајќи предвид дека овој прекрасен парк годишно го посетуваат околу 9 милиони туристи, се почести се проблемите со сообраќајот, односно со јавниот превоз, кој практично е единственото превозно средство (покрај такси) со кое може да се стигнете до оваа локација.
Главен проблем се огромните гужви во единствената автобуска линија 116, која локалното население едвај веќе може да ја користи. Тоа предизвикува големи потешкотии, особено кај повозрасната популација, бидејќи целата населба се наоѓа на голема надморска височина.
Барселона се обиде да го реши овој проблем барајќи од секој посетител однапред да резервира одредено време за посета на паркот, но кога ни тоа не успеа, отидоа чекор понатаму и побараа од Google Maps и Apple целосно да ја избришат оваа линија од нивните карти. Барањето конечно беше одобрено и патеката до познатиот парк сега е целосно избришана.
За да стигнат до Парк Гуел, кој беше отворен за јавноста во 1926 година и стана светско наследство на УНЕСКО во 1984 година, повеќето неупатени туристи сега ќе бидат принудени да ја земат многу поскапата опција за такси или храбро да пешачат до чудесното место дизајнирано од познатиот Антони Гауди.