Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат утре 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 (среда) ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.