Вработените во приватниот сектор, до крајот на годинава ќе добијат регрес за годишен одмор попознат и како К-15 во износ од 9.665 до 14.190 денари
Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината.
Казните за работодавците се огромни и до 4.000 евра.