Доколку кандидатот нема подготвен одговор, тврди тој, многу брзо паѓа на „дното на листата“.
Има едно прашање што им го поставував на кандидатите за време на интервјуата за работа. Често после тоа би започнал многу интересен разговор, а одговорот на кандидатот може да биде пресуден за тоа дали ќе бидат ангажирани, вели за Business Insider Крис Вилијамс, поранешен заменик шеф за човечки ресурси во Microsoft.
Компаниите од таа големина секојдневно добиваат стотици апликации за работа, тие често се „совршени“ биографии, но сепак нема доволно места во компанијата за секого, пишува 24 сата.
Кандидатите треба дополнително да се изберат. А Вилијамс открива кое било неговото клучно прашање во тие разговори.
„Кажи ми нешто што научи во изминатите неколку дена. Тоа може да биде нов спорт со кој сте се занимавале или нешто интересно што сте го слушнале во документарен филм. Слободно можете да зборувате за што сакате. Тоа е моето прашање“, вели овој експерт и додава:
„Ако кандидатот се бори со тоа прашање или нема одговор, тоа е проблем. Затоа што таа личност може да има проблеми да научи нови работи на работа, што е клучно во Microsoft. Не е важно дали пред тоа беше совршен кандидат на хартија...“
Тој е сигурен дека овој метод и помогна на компанијата да ги ангажира најдобрите луѓе на пазарот.
„Фокусот е на тоа како таа личност комуницира, со колкава страст и ентузијазам за учење, што е клучно во Мајкрософт, има таа личност. Тоа можете да го слушнете во нивниот глас и да го видите во нивните очи“, заклучува тој.