Уште еден ден на училиште за учениците, потоа следи пролетниот распуст кој од годинава се воведува за прв пат.
Основците и средношколците ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5. мај.
7. мај, ќе биде работен за сите училишта, додека 8.мај, денот кога ќе се одржува вториот круг од претседателките избори и парламентарните избори во земјава ќе биде неработен.
Наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, велат од МОН.