Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници.
- 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија
- 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија
- 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.