Пасошот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најмоќниот пасош во светот и со него може да се патува безвизно во дури 113 земји. Доколку го поседувате овој пасош, за да патувате низ светот ќе ви биде потреба виза во само 31 земја.
Според Passport Index, второто место го делат Сингапур и Германија со тоа што сингапурскиот пасош овозможува да се патува во една земја повеќе без виза во однос на германскиот пасош.
Потоа следат Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Јужна Кореја, и САД – сите рангирани на третото место на светската ранг листа.
Пасошот на Република Македонија се наоѓа на 36-то место и со него може да се патува во 77 земји без притоа да се одобри виза.
Во однос на нашите соседи, македонскиот пасош е повисоко рангиран од пасошите на Црна Гора (37. место), Босна и Херцеговина (40. место), Албанија (42. место) и Косово (81. место).
Целата листа може да ја погледнете на следниот линк.