Експерти од Франција препорачуваат упатства за користење на паметни телефони.
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побара од експертите да предложат насоки за употреба на паметни телефони кај детската популација, сакајќи да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Сепак, засега не е јасно како би можела француската влада да продолжи по објавувањето на овој извештај.
Во јануари оваа година, претседателот Макрон објави дека „забрани и ограничувања се можни“ во Франција.
Во извештајот се наведува дека децата треба да бидат заштитени од „стратешкиот пристап на технолошката индустрија, управуван од профит, кој се обидува да го привлече вниманието на децата, користејќи ги сите форми на когнитивни способности за да ги врзе на екраните, да ги контролира, повторно да ги вклучи и да ги заработи“.
Децата стануваат „роба“ на пазарот на новата технологија, се наведува во извештајот и се додава: „Сакаме индустријата да знае дека гледаме што прават и нема да дозволиме да се извлечат од тоа“.
Студијата спроведена од научници и експерти во текот на три месеци, предводена од неврологот Серван Мутон и Амин Бенџамина, шеф на психијатрија на одделот за зависности во болницата Пол-Брус, сугерира дека децата на возраст под три години не треба да бидат изложени на видео екрани. вклучително и телевизија и дека ниту едно дете не смее да има телефон пред 13-годишна возраст.