Во 2021-ва година, 11,3 милиони луѓе во Европската унија (ЕУ) беа вработени во економски активности поврзани со туризмот (но не нужно само зависни од него).
Од нив, 6,8 милиони луѓе работеле во индустријата за храна и пијалаци, 2,1 милиони луѓе во сместување, 1,8 милиони луѓе во транспорт и 400 илјади во туристички агенции и тур-оператори, пренесува Евростат.
Трите индустрии кои речиси целосно се потпираат на туризмот (сместување, туристички агенции и воздушен транспорт) вработија 2,8 милиони луѓе во ЕУ.
Туристичките индустрии се главен работодавач на жените. Во 2023-та година, 57,6% од оние кои работат во туристичката индустрија беа жени, што е зголемување за 21,2 процентни поени повеќе од ова учество во вкупната нефинансиска деловна економија (36,4%).
Учеството на работниците со скратено работно време во туристичките индустрии (21,3%) е 6,1 п.п. повисока од онаа во општата нефинансиска деловна економија (15,2%).
Туристичките индустрии привлекоа малку поголем удел на помлади работници со 11,0% од вработените на возраст од 15 до 24 години во споредба со 9,0% за нефинансиската деловна економија.
Во 2023-та година, учеството на лицата со понизок степен на образование во туризмот беше 20,2%, што е сосема блиску до она во општата економија – 18,9%.
Странските граѓани сочинуваат 15,9% од работната сила во туристичките земји (7% од другите земји на ЕУ и 9% од земјите кои не се членки на ЕУ), што е 5,3 п.п. повеќе од вкупната нефинансиска деловна економија (10,6%).
Веројатноста за привремен договор е 8,8 п.п. повисока во туризмот од општата нефинансиска деловна економија (20,8% наспроти 12,0% од ангажираните работници).
Дополнително, процентот на нововработени кои остануваат на нивното сегашно работно место помалку од една година е исто така поголем во туризмот отколку во општата нефинансиска деловна економија (23,1% наспроти 14,8%).