Стив Џобс еднаш открил знак за кој сметал дека покажува кога некој има виоко ниво на интелигенција. Тоа се случило за време на еден од неговите говори, на Академијата за достигнувања во јуни 1982 година.
Стив Џобс, кој тогаш ја водеше компанијата „Apple“, во тој говор рече:
„Важна е меморијата. Но, важна е и можноста да се види пошироката слика, како да го набљудувате градот од 80-ти кат. И додека некои се обидуваат да сфатат како да стигнат од точката А до точката Б со читање мали мапи и графикони, вие едноставно го гледате истото пред вас“.
Неговите интервјуа за работа со потенцијалните кандидати биле особено необични и интересни, а Џобс секогаш го барал најдоброто.
Тој го користел „пивскиот тест“ на интервјуата за работа.
Стив Џобс, кој беше извршен директор и ко-основач на „Apple“, го користел „пивскиот тест“ за да интервјуира кандидати за работа во технолошкиот гигант.
Џобс ги извел кандидатите за работа на прошетка, а потоа на пиво за да „проучи“ дали би биле доволно добри за да работат во неговата компанија.
Спротивставувајќи се на идејата дека интервјуата за работа мора да бидат прилично формални, покојниот извршен директор на „Apple“ сакал да спречи ситуации во кои кандидатите се „вооружени“ со однапред испланирани и напишани одговори за време на интервјуата за работа.
Прошетката со потенцијалните вработени би им помогнала малку да се опуштат и на тој начин пореално да се прикажат себе. За нивото на нивната интелигенција, Џобс добивал информации прашувајќи ги општи прашања од секојдневниот живот, како: „Кои се вашите достигнувања со кои се гордеете“ или „Како го поминувате летниот одмор“. Навидум обични, но тој бил убеден дека одговорите на токму тие обични прашања може да дадат појасна слика за интелигенцијата на еден човек.