DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локалната услуга близу просториите на клиентот. Со потрфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. DS Smith е присутна во 33 земји низ светот со тим од околу 28.500 вработени.
Станете дел од успешниот тим на DS Smith
Ние се обидуваме не само да привлечеме, туку и да ги задржиме талентираните и амбициозни ентузијасти , посветени на одстварување на барањата на нашите клиенти.
Со тимот од оклу 28.500 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на нашата организациска култура која се фокусира на амбиција и отчетност. Ги поттикнуваме вработените секојдневно да ги живеат нашите корпоративни вредности: да се грижиме, да си здаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме и да сме упорни.Овие основни вредности не водат при донесувањето одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни.
Во нашата компанија не постојат граници за тоа кој колку може да напредува. Се ценат и препознаваат одличните перформанси, ангажираноста и секој дополнителен придонес од вработените. Тоа резултира со давање можност за професионално напредување на хоризонтално и вертикално ниво. Секој кој има желба да учи и да напредува му се обезбедуваат услови за тоа. Во компанијата располагаме со искусни колеги кој несебично го пренесуваат своето знаење и искуство на новите колеги.
За нашата компанија е битно да изградиме лојални професионалци, кој во истата компанија се гледаат на долг рок. Освен соодветни квалификации и компетенции согласно работното место, важна е желбата за учење и развој, ангажираноста, тимската работа и посветеност, одговорноста и дисциплината во работењето. Вработени кој се спремни да одговорат на секојдневните предизвици и да се прилагодат на промените во работењето, кој доаѓаат како дел од иновациите и развојот на технологијата.
Потврда за сето ова е и напредувањето на тројца наши колеги кој што започнаа само пред 1,5 година без никакво претходно работно искуство на позиција оператор на машина во производство и за овој период научија многу и напредуваа две скалила до позиција Водечки машинист за соодветна машина.
Нашите колеги лесно го наоѓаат одговорот како треба да ги завршуваат своите работни задачи, затоа што одговорот се наоѓа во нашите пет корпоративни вредности, да се грижиме, да си здаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме и да сме упорни. Истите се лесно остварливи и применливи и се повеќе од само убав постер на ѕидот.
Ако сте личност која се грижи за имиџот и репутацијата на компанијата, ако ви претставува предизвик зачувување и унапредување на квалитетот на производите и создавање на иновации, ако брзо реагирате и се прилагодувате на промени, ако имате доверба во тимот и компанијата, и ако сте упорни во тоа што го работите ,лесно ќе се прилагодите во нашата компанија и тим.
Во моментов DS SMITH има потреба од оператор во производство со или без работно искуство!
Испратете ја вашата апликација на jobs.skopje@dssmith.com