Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во текот на денот ќе ги објави новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат во следните две недели.
Се очекува горивата повторно да поевтинат доколку се земе предвид падот на цената на нафтата на светските берзи.
Со последната промена која се случи пред две недели, бензините поевтинија за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.
Кои ќе бидат новите цени Регулаторна ќе соопшти денес напладне.