Не е доволно само да се набројат фактите
Google вработува 100 нови луѓе секоја недела, а Ласло Бок како потпретседател за човечки ресурси во компанијата е одговорен за донесување одлуки во врска со тоа кој е и кој не е материјал за Google.
Во интервју за “The New York Times“ тој открива еден од најдобрите совети за тоа како најдобро да се претставите себеси пред идниот работодавач.
Според него, вашата цел на интервјуто за работа треба да биде да се претставите себеси преку специфични вештини и карактеристики и да покажете на кој начин компанијата ќе има корист од вас.
Обидете се да ја продадете приказната за вашите претходни искуства бидејќи не е доволно само да ги наброите фактите.
Ако во вашата претходна компанија сте успеале да внесете некоја новина, освен што кажувате што и како сте направиле, објаснете и зошто.
Многу луѓе во интервјуто за работа не успеваат на најдобар начин да ги искажат своите мисли кога треба да објаснат како и зошто направиле некоја работа, дури и во случаеви кога имаат добра приказна, тие не можат да го објаснат својот процес на размислување, вели Бок.
Друг важен совет се однесува на пишувањето CV или пропратно писмо. Бок вели дека кога пишувате за себеси, вашите вештини треба да ги нагласите споредувајќи се себеси со другите професионалци во индустријата.
Неговиот образец за ова е: “Дојдов до X, што е важно за постигнување на Y, работејќи на Z”.
Голем број луѓе би напишале едноставно: “Пишував статии за The New York Times”, а подобро би било да кажат: “Објавив 50 статии, што е многу повеќе од просекот кој изнесува 6 статии по автор, а тоа го постигнав благодарение на моите вештини кои ги стекнав во период од 3 години“, појаснува Ласло.