
Денес поголемиот дел од земјата се уште ќе биде во портокаловата фаза за опасност од високи температури, предупредуваат од УХМР.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со услови за појава на град.
Околу 18:00 часот се очекува невреме да ги зафати скопската котлина, тетовско-гостиварскиот регион и кумановско-кратовскиот регион.