Ова прашање исто така знае често да биде поставувано на интервјуата за работа. Треба да бидете подготвени да го одговорите бидејќи ниту еден интервјуер не сака да чуе дека никогаш не сте биле под стрес. Факт е дека сите чувствуваат повремен стрес додека се на работното место. Со поставување на ова прашање, работодавачот сака да види како притисокот влијае врз вас и како управувате со истиот.
Најдобриот начин да го одговорите ова прашање е да дадете конкретен пример за тоа како сте го решавале стресот на претходната работа. На овој начин интервјуерот може да добие јасна слика за тоа колку добро се снаоѓате со стресни ситуации. Избегнувајте да спомнете ситуација каде вие лично непотребно сте се ставиле во стресна ситуација. На пример, не споделувајте приказна за времето кога сте биле под стрес бидејќи сте одложувале извршување на работата и после тоа набрзина сте морале да ја завршите одолговлекуваната обврска.
Исто така не треба да се фокусирате премногу на тоа колку сте биле под стрес. Добро е да признаете дека стрес на работно место нормално е да се случува и нагласете како сте се справиле со него, наместо да спомнувате колку тоа ви пречело.
Како за крај, можете да спомнете дека малку стрес може да биде корисен мотиватор за вас. Можете да дадете пример за тоа кога имало моменти кога стресот ви помогнал да бидете покреативен и попродуктивен работник.