Доцнат летовите низ речиси целиот свет. Голем дел и се пренасочуваат. Метеж на аеродромите, нервозни патници кои со часови чекаат да полетаат до резервираната дестинација.Според авиокомпаниите и надлежните, неповолните временски услови се главна причина. Над 200 жалби годишно стигнуваат на адреса на Агенцијата за цивилно воздухопловство...
Одложени и откажани летови, нервозни патници кои со часови чекаат на терминалите, вообичаена слика на аеродромите во летната сезона со зголемена фреквенцијата во авиосообраќајот. Надлежните и компаниите велат причина се нестабилните временски услови, но ситуацијата директно удира по туризмот.
Од 250 до 600-тини евра е обесштетувањето што треба да го добијат патниците кои ќе се најдат во ваква ситуација, во зависност од оддалеченоста на дестинацијата. Авиокомпаниите се должни да им обезбедат и хотелско сместување, превоз од аеродромот до хотелот и оброк.
Над 200 жалби годишно се доставуваат до АЦВ, а во тек е процесуирањето на 70-тина.