Повеќето лекови не поднесуваат температури повисоки од 25 степени Целзиусови, па затоа летните горештини бараат посебна грижа при чувањето на лековите за да не ја изгубат својата ефикасност или да се претворат во отров.
Топлите бранови се менуваат а земањето терапија не е секогаш во времето кога сте дома, па можеби кутијата со антибиотици ја ставате во џеб или чанта за да го испиете лекот на плажа или додека шетате низ град или сте ја оставиле кутијата со лекови во автомобилот?! Ова однесување не само што е погрешно, туку и опасно и може да резултира со сериозни последици по вашето здравје. Летните горештини бараат крајна претпазливост при чување на лековите, предупредуваат експертите.
Барате работа во сектор ФАРМАЦИЈА?
Затоа, кога живата во термометарот надминува 25 степени, потребно е да се зголеми грижата за складирање на лековите што ги користите. Високите температури може да предизвикаат промена на активните супстанции, што ќе ја намали ефикасноста на лекот или може да доведат до промена на бојата, конзистентноста, мирисот, вкусот или да предизвикаат процес на распаѓање на лекот. Затоа, правилното ракување со лековите е од суштинско значење, така што ефектите од вашата терапија се добри.
Лековите мора да се чуваат на суво, темно и ладно место. „Ладно“ значи температура до 25 степени. Најдобро е да ги чувате кутиите со лекови во посебна фиока во најстудената просторија во вашиот стан, но никогаш во бањата или кујната каде што поради пареата влажноста е над дозволената граница и претставува дополнителен ризик.
Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk