Сакаме да им дадеме топло добредојде на најновите клиенти на Vrabotuvanje.com.mk!
Секоја од овие динамични компании носи одлични можности за сите кои се во потрага по работа.
Двајцата астронаути на НАСА кои требаше да се вратат на Земјата останаа на Меѓународната вселенска станица (MSS), додека проблематичната капсула Боинг се упати назад без нив.
Од 10 ноември на државјаните на околу 60 земји, вклучувајќи ги и балканските, ќе им биде потребен посебен сертификат за влез во ЕУ, како и во Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел на Шенген зоната. Почнува да функционира новиот систем за влез-излез – ЕЕС, кој предвидува апликација за влез во земјите на Унијата. Вториот чекор, попознат како Европски систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), ќе бара издавање дозволи за патување и проверка на патниците.
Поради скапиот пипер, изумира традицијата на правење домашна зимница. Годинава, откупната цена на ајварката е 50 денари и таа се продава на зелените пазари по 100 денари за килограм.
Нешто над 20 отсто од младите луѓе во земјава на возраст од 15 до 29 години се невработени. Овие информации се заклучно вториот квартал од годинава. Активноста за вработување кај младите достигна 45 отсто. Податоците од извештајот покажуваат дека и во однос на полот стапката на невработеност кај младите е речиси идентична, како кај жените така и кај мажите и изнесува околу 23 отсто.