Додека во Србија за берба на малини дневницата оди и до 50 евра, во зависност од договорот со газдите, во Македонија, берачите на грозје бараат повисоки дневници., со тврдење дека и тие се малку.
Минатата година за берење од 6 наутро до 12 на пладне бараа дневница од 1.200/1.300 денари, а оваа година бараат за 200 денари повисока дневница. Па така таа сега би изнесувала 1.500 денари плус оброк или 100 денари доколку тоа треба сами да си го обезбедат. Доколку треба да работат и попладне, тоа би ги чинело лозарите плус 200 денари од час.
Некои од берачите што ги контактираше Фактор, велат дека на нив не им се исплати да работат за 20 евра и затоа бараат повисока дневница, бидејќи се е поскапено.
„Лани бев во Србија каде берев малини. За таа работа добивав сместување и оброк, а дневницата ми беше близу 50 евра. Искрено, повеќе ми се исплати да одам таму отколку да берам тука “ вели берач од Кочани, кој сакаше да остане анонимен.
Оваа информација не им се допадна на лозарите, кои велат дека берачите не сакаат да ја согледаат реалноста.