Бразилската компанија „Натура“, која е сопственик на козметичката марка „Авон“ во Велика Британија, Европа и Латинска Америка, поднесе барање за стечај за да исплати долг од 1,3 милијарди долари.
Од компанијата најавија дека не се доволно ликвидни за да си ги платат долговите. Овие долгови се последица и на тужбата дека производите на Авон содржат талк кој предизвикува рак, пишува Гардијан, пренесува Klix.ba.
Кога станува збор за самиот талк, тие посочија дека 386 поединечни случаи на тужби се поврзани со овој минерал кој се користи во козметичката индустрија. Само побарувањата од горенаведените тужби изнесуваат 78 милиони долари.
Авон е компанија со 135-годишна историја, која датира од Дејвид Меконел, патувачки продавач на книги од Њујорк. Во Велика Британија беше препознатлив по рекламниот слоган „Динг донг! Авон повикува!“, како и по продажбата од врата до врата. На крајот на минатата година објавија дека планираат да ги отворат своите први продавници во Велика Британија.
Avon има 5.000 вработени, како и милиони продажни агенти ширум светот и во Македонија.