Можеби не сте го знаеле ова, но ако пиете терапија било кој вид, избегнувајте да ја пиете со првото утринско кафе.
Лекарите тврдат дека кафето и лековите воопшто не одат заедно, а еве зошто.
Факт е дека кофеинот кој се наоѓа во кафето значително влијае на активните состојки на лековите, па дури и на суплементите. Доколку ја земате вашата редовна терапија или само суплементи – внимавајте да не е со првото кафе наутро. За здрава личност, 400 милиграми кофеин дневно се сосема безбедни, но кафето може значително да ја промени апсорпцијата на лековите. Тоа значи дека ако го земате лекот со кафе, ефектот на лекот може да стане послаб, а третманот побавен.
Во овој краток период додека ви се потребни медицински препарати, обидете се да го одложите кафето за најмалку еден час по терапијата. Тоа значи: појадок, па терапија (освен ако докторот не советува поинаку) и кафе еден час подоцна.
Како точно кафето влијае на лековите?
Според резултатите од научните истражувања, кафето може да го намали ефектот на неколку лекови. Ова не вклучува само лекови против болки, туку и лекови пропишани за третман на хронични болести и невролошки заболувања. Затоа би било добро да направите пауза меѓу нив, за да не го успорите закрепнувањето.
Кога го пиеме лекот, неговиот ефект сè уште не е започнат. Прво мора да се апсорбира, односно да влезе во крвотокот и потоа да се шири низ нашето тело. Колку подобро лекот се апсорбира, толку побрзо ќе станеме подобри. Кафето го попречува токму овој процес.
- Антидепресиви: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Лекови кои содржат железо: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Мускулни релаксанти: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Лекови за третман на ментални болести: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Лекови кои содржат аспирин: кафето ја забрзува апсорпцијата.
- Лекови за третман на Паркинсонова болест: кафето ја забрзува апсорпцијата.
- Лекови за третман на проблеми со тироидната жлезда: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Витамин Д и калциум: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Гликоза: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Лекови насочени кон Алцхајмерова болест: кафето ја намалува апсорпцијата.
- Лекови кои содржат парацетамол: кафето ја забрзува нивната елиминација од телото.
- Минерали (калциум, магнезиум, натриум итн.): кафето го забрзува нивното излачување.
Лековите се земаат со вода
Решението е многу едноставно: пијте го лекот со вода, а кафето пијте го пред или потоа. Истото важи и за некои други пијалоци, бидејќи истражувањата покажаа дека дури и цедениот портокал може да ја попречи апсорпцијата на лекот, исто како и чаевите. Мала промена во навиките може значително да придонесе за вашето здравје и ефектот на лековите што ги земате.