Инфлуенсерка од Босна, Лада Кушец Дечи, попозната како „S.Lada.K“ на социјалните мрежи проба бурек во Дубровник, а за три парчиња платила неверојатна цена.
Дубровник долго време се наоѓа на листата на еден од најскапите градови на хрватското приморје, а цените ги шокираат и оние со „подлабок џеб“. Лада Кушец Дечи реши да проба бурек за кој тврди дека е „најскапиот на светот“, а цените варираат од 5 до 8 евра по парче.
“Ве носам веројатно на најскапиот бурек на светот. Во Дубровник платив 20 евра за три мали стапчиња бурек. Иако очекував туристичка измама, бурекот со месо беше исклучително вкусен. Бурекот со сирење и спанаќ не беше доволно посолен“, рече таа на видеото на TikTok, кое стана вирално.
Пекарата Holy burek, што во превод значи „свет бурек“, стана популарна поради бурекот што го продава, но и поради цената, а претходно се случи и туристите да се „жалат“ на цената и да кажат дека бурекот насекаде е многу поевтин, но и подобар.
„Тоа е место кое, според мене, е премногу добро направено, бидејќи да брендираш вака добро и да продаваш толку скап производ како бурекот е навистина генијална идеја од претприемачка перспектива“, рече таа, пофалувајќи го маркетингот на оваа пекара, додавајќи „Не би ја платила оваа цена за бурек повторно бидејќи може да се купи дома за се тоа за 2 евра.
@s.lada.k Idem u dubai na burek
♬ Dubai - Tea Tairovic