РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објавува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
во СКОПЈЕ
Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско Друштво кое има дозвола за работа од Агенцијата за супервизија на осигурување за извршување осигурително брокерски работи.
Друштвото нуди можност за вработување на пет работни позиции:
- двајца лиценцирани брокери;
- двајца застапници во осигурување;
- еден комерцијалист
Опис на работните задачи:
- обезбедување понуди од компании и запознавање на осигуреникот со условите на истите;
- изготвување на анализа на ризик и предлагање на соодветно осигурително покритие;
- планирање и организирање на продажните активности, реализација на зададените планови;
- одржување на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти;
- следење и унапредување на продажбата;
- укажување на помош на осигуреникот во текот на важењето на договорот за осигурување, како пред, така и по настанувањето на осигуран штетен настан;
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- за позицијата лиценциран брокер потребно е поседување на лиценца за осигурителен брокер, издадена од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување
- за позицијата застапник потребно е работно искуство во осигурителна компанија од една година
- за позицијата комерцијалист не е потребно работно искуство
- завршено високо / средно образование (предност ќе се смета образование од областа на осигурување или економски науки);
- посветеност, прецизност, одговорност;
- работа во кратки рокови;
- одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини;
- способност за индивидуална и тимска работа;
- флексибилност за работа на терен со клиенти;
- познавање на англиски јазик;
- познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);
Нудиме
- обука за продажба од професионалци и понатамошно усовршување;
- фиксна плата
- можност за заработувачка преку месечни и квартални бонус програми, базирана на лични перформанси;
- работно место во Скопје
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да достават своја кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 31.12.2018 година на нашата e-mail адреса: riziko@riziko.mk, со назнака за која работна позиција аплицираат.