Цените на храната и пијалоците во рестораните и угостителските објекти во нашиот туристички бисер ги брануваат социјалните мрежи.
Граѓаните револтирано коментираат дека „го доживеале плфонот“, и дека високите цени во Охрид се главна причина зошто градот има се помалку посетители.
- Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з'ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек ,а истите тие луѓе во ,,Атва" -Кичево нити 4000 денари ете зато...!!!
П.С. Ова пастрмчево едното не двете демек ,,охридско",не ет случајно сликано замислете 3 кг имало по 4900 денари си го платиФне 14700 денари. Нек ни ет наздравје, е зато немет гости, оти сакет да се збогатет наеднаш - напиша еден битолчанец на Фејскбук.
Еве ја неговата објава: