Помор на школките поради високите температури на морето им се случи на школкарите во заливот Бока Которска. Тие велат дека регистрирале големи количини угинати школки во своите одгледувалишта.
И школкарите од Малостонскиот Залив, кај полуостровот Пељешац, како и на другите делови на Јадранот, каде што е развиена марикултурата, ја согледале истата појава, па процениле дека морталитет на школките мушули (дагњи) е до 90 проценти.
Биолозите претпоставуваат дека причина за нивното угинување е прегреаност на морската вода. Во услови кога температурата на морето ќе се качи до 30 Целзиусови степени, умираат микроорганизмите со кои се хранат мушулите, а таа топлина ги уништува и нив самите. Кон крајот на јули во морето кај Дубровник е измерена температура од 29,70 Целзиусови степени, што е најмногу откога се мери температурата на морето, додека во Бока Которска на површината на морето се измерени 32 степени.
Поморот на мушаљи најмногу ги погоди школкарите, кои трпат загуби, но трпат и угостителите и туристите, домашните жители, кои и даваат предност на исхраната со морски плодови.
-Јули ни донесе високи температури кои дојдоа со тропскиот бран. Идеалната температура за одгледување школки е 24 степени, до кои тие одлично напредуваат и немаат пречки во репродукцијата. Кога температурата ќе ја надмине таа вредност, најпрво губат кондиција, не се држат за својата подлога туку од својата тежина паѓаат на дното, а потоа почнуваат и да угинуваат, вели за „Бока њуз“, Лука Милошевиќ, одгледувач на школки од Котор.
Тој појаснува дека тропскиот бран довел и до 70 проценти морталитет. Единствена одбрана од топлата вода е спуштање на насадите подлабоко, но таму стануваат достапни на орадите, што се сведува на исто.
Температурата на морската вода урива рекорди и овој месец, така што тој проблем станува уште посложен.