На Фарските Острови им недостигаат жени, поради што мажите почнале да бараат жени на други дестинации.
Athaya Slaetalid се доселила од Тајланд.
– Само седев до шпоретот. Луѓето ми зборуваа да излезам надвор на сонце, убаво било, но јас им велев само да ме остават на мира, рече таа.
Тоа било пред шест години и признава дека во почетокот ѝ било тешко. Сопругот Јан го запознала преку пријатели.
“Знаев дека ќе биде предизвик да ја преселам Athayа во нешто спротивно, и сериозно бев загрижен”, рече Јан.
Во моментов, на Фарските Острови живеат 300 жени. Не звучи многу, но на населението од 50.000 луѓе, тие сочинуваат етничко малцинство.
Хронично им недостигаат жени. Многу млади луѓе заминале на студии, па на Фарските Острови им недостигаат 2.000 жени.
Фарските Острови се дел од Кралството Данска, но имаат свој јазик и специфична култура.
извор: kukuriku.com.mk