Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работни односи - Пречистен текст (Сл.Весник на РМ бр.167/2015 и 27/16), член 76 и 76-ж од Законот за култура (Сл. весник на РМ 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20 - г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ од 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и Одлуката за објавување на јавен оглас бр.0402-672/1 од 19.12.2018 година, НУ Драмски театар Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
НУ Драмски театар Скопје, има потреба од вработување на неопределено време и тоа на:
- Кројач - (2 извршители) Шифра КУЛ 04 05 Б01 002, да има најмалку средно шивачко/општо четиригодишно образование, односно тригодишно шивачко/општо средно образование. (40 часа неделно). Основна нето плата 19.780,00 ден.
- Фризер - (1 извршител) Шифра КУЛ 04 05 Б01 004, да има најмалку средно фризерско / општо четиригодишно стручно образование, односно фризерско / општо тригодишно средно образование. Задолжително да има завршен курс за фризер (40 часа неделно). Основна нето плата 18.522,00 ден.
- Портир - (1 извршител) Шифра КУЛ 04 01 Б02 002, да има најмалку средно образование. Основна нето плата 13.993,00 ден.
- Столар - (1 извршител) Шифра КУЛ 04 01 А03 001, да има најмалку завршено основно образование и потврда за завршен курс за столари, Основна нето плата 18.271,00 ден.
Кандидатот кон пријавата треба да приложи докази за исполнетост на општите услови за вработување и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место, и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај докази за исполнетост на општите услови за вработување, кандидатот треба да достави и докази за исполнетост на посебните услови за вработување, и тоа:
- диплома/ уверение за завршено образование, оригинал или копија заверена на нотар;
- потврда за завршен курс или обука за работното место за каде е предвидена;
- кратка биографија, и
- фотокопија од лична карта.
Јавниот оглас трае 5 (пет) дена од денот на објавување во дневниот печат.
Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Театарот или на адреса: НУ ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ, ул.„Шекспирова“ бр.15, 1000 Скопје.
За изборот ќе се известат пријавените кандидати. Изборот ќе се изврши согласно законските прописи и правни акти на Театарот.
Контакт: 02 30 63 453 - Правна служба
НУ Драмски театар Скопје
Директор
Викторија Рангелова- Петровска