4 работи кои беа задолжителни во училиштата во Југославија, а денес не постојат: Учителката беше авторитет
Детството во Југославија се разликуваше многу од детството денес. Денес технологијата има големо влијание, а со тоа, децата се воспитуваат на поинаков начин. Порано, децата се подготвуваа за живот со поинакви методи, додека некои вештини изгледа дека беа многу корисни (а денешните деца ги немаат).
Тие учеа работи кои беа неопходни за живот, а денес станаа обесценети. Додека некои сметаат дека порано било многу подобро и полесно, други мислат дека денес родителите се поподготвени и попрофесионални. И едниот и другиот пристап имаат свои маани и предности, а кога станува збор за образованието, еве кои се 4 големи разлики:
- Домаќинство
Многумина сметаат дека е штета што предметот домаќинство веќе не постои во основните училишта. На овој час учениците стекнуваа разни вештини, како готвење, поставување маса, шиење, подготвување колачи, поправање, учење како се одржува домот... Денес често се истакнува дека на децата им недостигаат практични знаења поради зафатеноста со технологијата.
- Децата се облекуваа слично
Денес многу деца носат бренд облека во училиште, некои имаат поевтина, а некои исклучително скапи патики кои ги рекламираат популарни јутјубери и инфлуенсери. Во училиштата во Југославија децата се облекуваа слично. Секако, постоеја некои разлики, но не толку видливи како денес.
3. Физичкото воспитание беше еден од поважните предмети
Поради порастот на процентот на деца со проблем со дебелината, денес се размислува дека физичката активност треба да биде што повеќе присутна во училиштата. Некогаш физичкото воспитание беше еден од важните предмети во училиштето и се пристапуваше со голема сериозност. Опремата за часот беше многу важна. Девојчињата носеа црни трикоа, а момчињата спортски шорцеви и бели маици. На часовите се работеше многу гимнастика и беше една од омилените активности, но и се трчаше, пливаше, играше фудбал - учениците "изморени" и уморни ја напуштаа салата за физичко воспитание.
- Улогата на учителката беше важна
Училишните правила налагаа да се станува секогаш кога ќе влезе учителката на час. Така искажуваа почит.Правилата исто така нагласуваа дека учителот е во право и дека мора да се почитува дисциплината. Ако учениците не ги следеа упатствата на учителот, постоеја казни. Родителите и учителите не го рушеа авторитетот едни на други, а во многу училишта постоеше пракса учителката секој ден да запише во книжичката што правел ученикот за да можат родителите да ги следат активностите и однесувањето.