Лозарите генерално се задоволни од откупната цена, но сепак велат дека и оваа цена е недоволна за преживување и за да ги привлече младите да останат на лозјата. Велат дека годинава цената е добра, но грозје нема бидејќи голем дел од лозарите ги продадоа лозјата и си заминаа во странство. Според податоците годишно по 500-600 лозари од Тиквешијата ги снемуваше од Регистарот на земјоделски производители, што е сериозен пад.
Годинава првпат се одреди производствена цена за двете најзастапени вински сорти „смедеревка“ и „вранец“ која ја одреди Земјоделски институт. Во согласност со Законот за вино се предвидува цената да се формира и да се исплаќа според шеќерни единици, плус гарантирано законско зголемување од 25 отсто. Лозарите генерално се задоволни од откупната цена, но сепак велат дека и оваа цена е недоволна за преживување и за да ги привлече младите да останат на лозјата. Велат дека годинава цената е добра, но грозје нема бидејќи голем дел од лозарите ги продадоа лозјата и си заминаа во странство.
Од Националната федерација на фармери велат дека се задоволни од откупната цена годинава, но сепак винарниците и оваа година ја искористија можноста да ја намалат откупната цена за 8 отсто со тоа што ќе го исплатат откупеното грозје во рок од една недела.
-Задоволни сме што годинава првпат се одреди производствена цена на грозјето. Откупните цени годинава изнесуваат 18,30 денари за „смедеревка“ со 17 шеќерни единици и 20,80 денари за вранец со 19 шеќерни единици. Но и покрај тоа што баравме од Министерството за земјоделство да се тргне членот 20 од Законот за вино со кој им се овозможува на винарските визби да ја намалат откупната цена за 8 отсто ако го исплатат грозјето во рок од 7 дена, тоа не се случи. Винарниците ја искористија можноста да го платат грозјето помалку, односно да ја намалат откупната цена за 8 отсто, изјави за весникот ВЕЧЕР, Васка Мојсовска, претседател на НФФ.
Таа додава дека поради сушата годинава дел од лозовите насади се исушија, а тие што се наводнуваа се со добар квалитет и имаат повеќе шеќерни единици.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press