Вистински есенски ден не пречека утрово. Вадете јакните и долгите ракави. Спакувајте сандалите . Еве што не очекува
Денеска ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.
Во Скопје облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер. Температирите ќе бидат од 11 до 24 степени во Скопје до 22 степени
Утре времето ќе биде слично со пораст на температурите до 27 степен
Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне облачно. попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Четврток нема да врне: Минимална температура: 9°C до 17°CМаксимална температура: 24°C до 31°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Петок:Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.Минимална температура: 12°C до 20°C Максимална температура: 23°C до 30°C