Наглата и огромна промена на времето пристигна на Балканот, снег падна на планините во Словенија и во Хрватска, додека деновиве се очекува снег да падне и на планините во Босна како и во Црна Гора, а не се исклучува можноста да побелат планините и во соседна Србија, вели метеорологот Славчо Попоски.
„На планинските места температурите во Хрватска и во Словенија се ниски, па дури и под нулата. Инаку во Алпскиот регион до недела се очекува да наврне од 100 до дури 200 cм снег, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките планини во регионот“ вели Попоски.
Според него, покрај повремените локални врнежи и значителниот пад на температурите на воздухот во земјава, кој особено ќе го почувствуваме од утре, преку ноќта, како и денес на повеќе места во Македонија ќе дува повремено силен ветер од југозападен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). И во Скопскиот регион ќе биде ветровито со повремено засилен ветер од југозападен правец.