Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2018 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (22.2 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.1 %), Административни и помошни услужни дејности (3.9 %) и Други услужни дејности (3.8 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, изнесува 24 817 денари.
извор: biznisvesti.mk