НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ ТОПИ, НО ВЕЌЕ НЕМАМЕ НИТУ РАБОТНИЦИ
Според последните статистички податоци, во државата има 100 илјади невработени, но никој не се јавува на огласите за работа. Работодавците и синдикатите апелираат дека треба да се прочисти списокот со невработени на Агенцијата за вработување и да се види точно колкав е бројот на невработени. Тие сметаат дека стапката на невработеност е нереална и треба да се види колку од граѓаните се иселени или работат на црно.
И покрај тоа што имаме 100 илјади невработени, ние мораме да увезуваме работници од Непал, Пакистан, Турција…
– Потребно е да се прочисти списокот на невработени на Агенцијата за вработување и да се види точно колкав е бројот на невработени. Околу 100 илјади лица се водат како невработени, а на огласите за вработување не се јавува никој. Агенцијата треба да види каде се тие невработени и зошто не се јавуваат на огласите за вработување, доквалификација, преквалификација и на огласите за јавна работа. Сигурно дека голем процент од овие невработени работат на црно или не се во државата, а се водат како пасивни баратели на работа – изјави за весникот ВЕЧЕР Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.
Според него, мора да се види каде се тие невработени, бидејќи, и покрај тоа што имаме 100 илјади, ние мораме да увезуваме работници од Непал, Пакистан, Турција…
Последните статистички податоци покажуваат дека во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Македонија е 790.152 лица, од кои се вработени 691.736, а 98 416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,1, на вработеност 45,6, додека стапката на невработеност е 12,5. Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесуваше 12,9 проценти, што значи дека за едно тромесечје се намалила за 0,4 отсто.
Целиот текст прочитајте го на линкот