Елизабет е 23-годишна членка на генерацијата Z од Детроит која работи како заварувач и редовно објавува видеа на TikTok на кои покажува како изгледа нејзината работа, која обично ја работат мажи. Таа почна да работи како заварувач пред две години, откако заврши средно училиште и помина курс наменет за млади жени кои сакаат да се занимаваат со оваа работа.
Заработува 2000 евра за една недела
Таа денес живее во камп со своето момче, и двајцата работат по 10 часа, без слободен ден во неделата, а Елизабет се пофалила дека заработува по 2.000 евра секоја недела.
Никој од нашите врсници не заработува толку пари како ние“, вели таа, но додава дека е свесна дека нема да може долго да се занимава со оваа работа.
Сепак, Елизабет моментално ужива во својата работа како заварувач и ги споделува своите искуства на TikTok за да ги инспирира другите девојки и да ги сруши предрасудите за жените во занаетчиските индустрии и се надева дека еден ден ќе основа своја компанија и ќе вклучи повеќе жени на овие работни места.