Не пропуштајте ја последната шанса да се пријавите за Регионалниот саем за вработување и да им се придружите на најголемите компании работодавачи од Македонија и регионот!
Последен момент е да закупите онлајн штанд за учество на
Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи
од 15 до 22 октомври, кој ќе ви донесе дополнителна видливост на пазарот на трудот. Саемот е одлична можност да ја претставите вашата компанија и да запознаете потенцијални вработени.
Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, KFC Македонија, Fashion Group, Костал, Магна, Лидл, Нептун, Вабтек, Wolt, се само дел од најголемите македонски и странски компании работодавачи кои годинава ќе ги отворат своите врати и ќе се претстават со свој виртуелен штанд на овој најголем employer branding онлајн настан - Придружете им се!
Саемот го организира водечкиот македонски портал за вработување во Македонија,
Vrabotuvanje.com, кој е дел од групацијата
Alma Career, во соработка со партнеритe од регионот:
MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Зошто да учествувате?
- Висока посетеност: Минатогодишниот саем привлече над 690.900 посети и повеќе од 51.700 апликации.
- Заштеда на ресурси: Виртуелниот саем ви овозможува да ја претставите вашата компанија со минимални трошоци и без потреба од патување, печатење промотивни материјали или дополнителен ангажман од вашите вработени.
- Неограничена достапност: Саемот е активен 24/7, 8 дена и е достапен преку сите мобилни и десктоп уреди.
- Регионално присуство: Со учество на саемот можете да привлечете кандидати од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Како да се пријавите?
Посетете ја веб-страницата на Регионалниот саем за вработување и резервирајте го вашиот штанд денес! Не ја пропуштајте оваа единствена можност да го подобрите вашиот бизнис и да ги најдете идеалните кандидати за вашиот тим. Резервирајте штанд - ова е последна шанса!
Подетални информации за учество на онлајн Регионалниот саем за вработување можете да најдете на
веб-страницата на саемот или директно да нè контактирате: