Наместо 1490 денари, за згрижување на дете во некоја од градинките во општина Карпош, ќе се плаќа по 2 000 денари месечно. Оваа одлука беше донесена вчера на седница на Советот на општината.
- Меѓу советниците, конечно беше постигнат потребниот консензус околу предлогот за зголемување на цените за згрижување и престој на дечињата во предучилишните установи на територија на Карпош. Имено, досега месечната претплата изнесуваше 1.490 денари, а отсега за целодневен месечен престој за дете до 6 годишна возраст ќе се плаќа 2.000 денари, а истиот месечен надомест ќе изнесува и за престој и исхрана на дете од 6 до 10 годишна возраст. Како што беше констатирано, поради зголемените режиски трошоци и континуираниот пораст на цените на прехранбените производи, неопходна беше ваквата корекција на месечната партиципација во градинките, која ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите кои ќе ги добиваат најмладите карпошани, велат од општина Карпош.