Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Во просек, цените се зголемуваат за 2,69% во однос на одлуката од 10.10.2024 година.
Од полноќ ќе стапи на сила новата одлука на РКЕ за зголемување на малопродажните цени на горивата.
По покачувањето, малопродажните цени ќе изнесуваат:
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 78 денари по литар
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 80 денари по литар
- Дизел (ЕУРОДИЗЕЛ): 70,5 денари по литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 70,5 денари по литар (покачување од 2,00 денари по литар)
Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе се зголеми за 0,473 денари по килограм, и ќе изнесува 44,507 денари по килограм.