Најголемиот онлајн саем за вработување во регионот оваа година собра повеќе од 120 компании кои нудат скоро илјада огласи за работа, а може да се посети од било која локација и било кој уред, најдоцна до 22 октомври
За разлика од некои минати времиња, кога беше вообичаено целиот работен век да се помине кај еден работодавач, денешните работници почесто ги менуваат работните места, поради подобри услови за работа, потрага по нови предизвици или желба за промена на работната средина.
Оваа есен, секој што сака да направи чекор напред во кариерата може да го направи тоа во текот на следната недела, на 15-от Регионален саем за вработување, од 15 – 22 октомври!
Посетителите ги очекуваат скоро илјада огласи за работа
Саемот беше отворен синоќа на полноќ, а сите заинтересирани посетители можат да ги посетат неговите виртуелни штандови до 22 октомври.
На овогодинешниот саем учествуваат 125 компании од Македонија и од соседните земји, кои нудат скоро 1000 различни слободни работни места, обезбедувајќи им на кандидатите широк спектар на можности во различни индустрии.
Саемот го организира Алма Кариер Северна Македонија, компанија најпозната по својот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Делогласник - Словенија.
Регистрацијата е брза и лесна
Саемот трае 7 дена и е достапен 24 часа на ден, а до него може да се пристапи преку сите десктоп и мобилни уреди од удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е стабилна интернет конекција.
Покрај богатата понуда на огласи за вработување, посетителите на виртуелните штандови на работодавачите можат да најдат информации за компаниите, да дознаат нешто повеќе за искуствата на вработените, да разгледаат фотогалерии и да добијат детален увид во компаниската култура.
Аплицирањето е исклучително едноставно и брзо
Кандидатите имаат можност да се пријават на неколку огласи одеднаш, а првите разговори со потенцијалните работодавачи може да се одржат преку опцијата chat или видео повик.
Спектарот на отворени работни места на саемот е навистина широк, а работодавачите се поделени во 4 категории:
- Трговија
- IT и Технологии
- Финансии
- Услуги
Компании кои може да ги најдете на саемот оваа година се: Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, Wolt, Aptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.
Посетете го саемот до 22 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и аплицирајте за промена на подобро!