Новите податоци покажуваат дека производството на кафе во Европската унија е зголемено за 15 отсто во последната деценија. Во просек, секој Европеец конзумирал околу пет килограми кафе во 2023 година, според наодите на Евростат.
На врвот на листата на производители на кафе на античкиот континент беше земјата позната по најсилното еспресо и кремасто капучино - Италија. Од друга страна, Германија се најде на врвот на листата на најголеми увозници.
Кога ќе се додаде печено, без кофеин и кафе за замена, лани вкупното производство достигнало повеќе од два милиони тони, што е во вредност од околу 13 милијарди евра. Од тоа, Италија произведува четвртина (25 отсто), Германија 22 отсто, а Франција и Холандија по 6 отсто.
Кафето во Европа најмногу доаѓа од Бразил, таа јужноамериканска земја произведува 921.900 тони годишно, што е 32 отсто од вкупниот увоз што пристигнува надвор од Европската унија. 24 проценти доаѓаат од Виетнам, а осум проценти од Уганда.
Сепак, сите овие податоци би можеле да се променат од следната година.
Новиот закон на ЕУ кој се очекува да стапи на сила во 2025 година може драстично да ја промени оваа слика, обврзувајќи ги производителите на кафе да докажат дека нивниот синџир на снабдување не предизвикува уништување на шумите.
Според податоците објавени од француската влада, кафето е култура со висок потенцијал за уништување на шумите.
„Како најголем увозник на кафе во светот, Европската унија е одговорна за 44 отсто од уништувањето на шумите поврзано со кафето“, се предупредува во извештајот.
Извор:„Евроњуз“