Модерниот начин на живот ни донесе голем број на нездрави навики кога се работи за исхраната, а прва на листата дефинитивно е прејадувањето.
Не мора да сакате да намалите некој килограм за да почнете да внимавате на исхраната, правете го тоа заради здравјето, а не изгледот.
Наједноставен начин како да измерите колку храна ви е потребна, односно доволна, во еден оброк е да ја испружите раката и да го следите овој водич:
2. Стегнете тупаница и колкав што е делот на превитканите прсти, толку јаглехидрати ви се потребни во текот на еден ден. Тука спаѓаат тестенини, оризот, житарките и лебот.
3. Големината на дланката, без прстите, е големината на парчето месо кое треба да го изедете во текот на еден ден.
4. Стегнатата тупаница е еднаква на количината на овошје кое ви е потребно во текот на целиот ден.
5. За да измерите колку кашкавал, сирење или друга млечна преработка ви е доволна во текот на денот, измерете ги показалецот и средниот прст и исечете толкаво парче.
извор: crnobelo.com